X
 26.02.2015 Образование

Програма за алтернативните предавања за денес

Бојкотот на наставата е завршен. Редовните предавања започнуваат веднаш, а загубените ќе бидат надоместени. Во текот на семестарот ќе продолжат да се одржуваат и алтернативни предавања на професори од матичните факултети или останатите. Ова е програмата за денес на факултетите кадешто имаше автономни зони.


Правен факултет „Јустинијан I“

13:00 Проф. д-р Светомир Шкариќ: Креирање на уставното право како наука.

Настанот на „Фесбук“


Економски факултет


12:00 Проф. Д-р Драган Тевдовски: Економската нееднаквост во Македонија.

Настанот на „Фесбук“


Филолошки факултет „Блаже Конески“

Хуманитарен ден за Теона Димовска

Сите парични средства кои Студентскиот пленум ќе ги собере во текот на утрешниот ден, ќе бидат приложени на семејството Димовски за лекување на нивната 8-годишна ќерка Теона на која и‘ е потребна операција на срце.

11:00 – 12:30 Проекција на „Април“, Нани Морети @ MЦ

16:00 - 17.00 „Женското лице на револуцијата“ со Ирена Цветковиќ, Марина Трајковска, Ана Василева @ A3

17:30 - 19:00 Фолтин @ Аула

19:00 - 20:00 „ Дали е секогаш моќта во прашање - трагајќи по форматите на знаењето кое сакаме да биде расшколувано“ со Искра Гешоска @ Аула

Настанот на „Фејсбук“

Автономна зона на Архитектонски/Градежен:

11:00 – 12:30 – предавање + практичен дел – АrchiCAD & Artlantis
workshop @ предавална 312
12:30 – 13:30 – предавање: ‘Фигурата и нејзиното значење во ликовните уметности/ проф. Владо Георгиевски @ предавална 312
13:30 – 17:30 – GRAFFITTI JAM / графити + музика @ двор на АФ/ГФ
18:00 – 20:00 – предавање + дискусија: ‘Линии кон сонцето’ / проф. Станко Павлески
@ амфи на АФС

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование