X
 02.09.2025 Живот

Тужба за „Милка“ во Германија - чоколадите се помали, а цената иста

Американскиот прехранбен гигант „Монделез“, сопственик на брендовите „Милка“, „Тоблероне“, „Орео“ и др., се соочува со тужба во Германија поради доведување во заблуда на потрошувачите со намалување на тежината на чоколадите „милка“ без да ја намали цената.

Центарот за советување на потрошувачите во Хамбург ја критикува компанијата затоа што чоколадите се намалени од 100 грама на 90 грама, што го опишува како „едвај забележливо“. Чоколадите се потенки за еден милиметар, но пакувањето останува исто, а новата тежина е наведена со ситни букви на полиците, што е тешко да се забележи.

- Со ова се лажат купувачите - вели Армин Валет, експерт за храна од организацијата. 

Тој нагласи дека потрошувачите, кои се навикнати на истото пакување, често претпоставуваат дека количината е непроменета. Центарот бара јасно означување. На пример, видливо предупредување најмалку шест месеци кога ќе се намали содржината на производот.

Од „Монделез“ ги одбија обвиненијата нагласувајќи дека транспарентноста е приоритет за нив.

- Новата тежина е јасно наведена на пакувањето - вели портпаролот на компанијата, додавајќи дека потрошувачите биле информирани и преку социјалните мрежи.

Компанијата го објаснува намалувањето со значителното зголемување на трошоците во синџирот на снабдување и цените на состојките, нагласувајќи дека какаото минатата година достигнало рекордно високи цени.

Центарот за советување на потрошувачите во Хамбург го следи феноменот на намалување на содржината на пакувањето, познат како „шринкфлација“. Потрошувачите можат да ги видат производите што се поскапени со ваков чекор на нивната веб-страница.

Исто така, постои страница каде што може да се види колку компаниите почнале да штедат на состојки, односно почнале да ги прават производите помалку квалитетни, без разлика дали ставаат помалку путер, месо или други состојки. Тоа можат да го направат тука

Извор: The Brussels Times
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот