X
 02.10.2025 Живот

„Медената авантура на Биби и Боби“ - нова сказна што ги учи децата за вредноста на штедењето

„Светот на Биби“ во партнерство со Шпаркасе Банка АД Скопје ја претставува најновата едукативна сказна „Медената авантура на Биби и Боби“, која премиерно е достапна на Јутјуб.

Преку ликовите Медо Штедо, Медена, Биби и Боби децата се воведуваат во светот на штедењето на интересен и забавен начин. Оваа приказна не е само анимација, туку проект кој има цел да создаде генерации што ќе бидат финансиски стабилни и свесни за значењето на парите.

Во рамките на Месецот на штедење – октомври, Шпаркасе Банка ќе одржи работилници и предавања со кои ќе едуцира над 4.000 деца од претшколска и рана школска возраст низ целата држава.

Како дел од проектот, со секој нов детски депозит во октомври, ноември и декември, најмладите ќе добијат на подарок сликовница од истата приказна, со што дополнително ќе ја зајакнат својата прва финансиска лекција.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот