X
 02.11.2021 Живот

„Лада нива“ од 1984 година ќе учествува на релито „Дакар“ 2022 година

Следната година релито „Дакар“ ќе се вози во Саудиска Арабија, а ќе има и категорија класични возила, оние што се појавиле на овој настан во текот на минатиот век.

Минатиот викенд беше претставена „лада нива“, опремена и „облечена“ во тркачка боја и како таква подготвена да учествува на релито „Дакар“ 2022 година. Станува збор за модел „нива“ од 1984 година, која ќе настапи како дел од новата категорија резервирана за класични возила, односно оние што настапиле на тогашното рели „Париз-Дакар“ пред 2000 година.

Возилата од минатиот век, како и други регистрирани во други категории, следната година ќе возат на „Дакар“ во Саудиска Арабија. Стартот ќе биде во северозападниот дел на земјата во градот Хаил. Планираната маршрута долга 8.000 километри минува низ Ријад и завршува во Џеда, град на брегот на Црвеното Море. Релито ќе се одржува од 2 до 14 јануари следната година.

2

Црвената „лада нива“ ќе вози по маршрутата од соодветно именуваниот швајцарски тим „Нива ред леџенд“ - Марио Јакобер ќе биде главниот возач, а Слаѓан Миљик ќе биде совозач.

- Многу сме горди што учествуваме на класичното рели „Дакар“ со култниот теренец „лада нива Т1“, кој самите го подготвивме за трката. Помина помалку од една година од моментот кога ја добивме идејата да учествуваме на релито до оваа презентација на автомобилот, и оттогаш поминавме многу - вели Џејкобер.

lada

Нивната „нива“, официјалното име на производителот „VAZ-2121“, е презентирана во црвена боја, чиј дизајн го потпишува и официјалниот партнер на тимот, рускиот бренд „Лада“. Кога станува збор за стартниот број, овој тим побара од организаторите на „Дакар“ да им го дадат бројот 763, инаку регистарскиот број за руската област Самара, што секако, е посвета на корените на овој легендарен теренец.


Извор: Autonet.hr
Фото: Autonet
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот