X
 02.12.2019 Наука

Научниците предупредуваат: Зависноста од смартфоните предизикува сериозни последици врз менталното здравје

Речиси четвртина од младите луѓе толку се потпираат на паметните телефони, што тоа се претвора во зависност, посочува психијатриско истражување.

Истражувањето спроведено од Кралскиот колеџ во Лондон покажува дека ваквото зависничко однесување значи дека луѓето ги фаќа паника ако немаат постојан пристап до уредите и дека младите не можат да го контролираат времето што го поминуваат на уредот.

Истражувањата предупредуваат дека ваквата зависност има сериозни последици врз менталното здравје.

Истражувањето опфатило анализа на 41 друго истражување што вклучиле 42.000 млади луѓе, во рамките на проучувањето на проблематичната употреба на паметни телефони.

telefoni
Фото: Getty Images


Според истражувањето, кај 23 отсто од испитаниците било уочено зависно однесување - како вознемиреност кога немаат пристап до уредот или неможност да го контролираат времето поминато на уредот и користењето на уредот во таква мера што е погубно за другите активности.

Ваквото зависно однесување би можело да биде поврзано со други проблеми, како што се стрес, депресивно однесување, недостиг на сон или ограничени постигнувања на училиште, се наведува во истражувањето.

Паметните телефони нема да исчезнат и постои потреба да се разбере размерот на проблематичното користење на овие уреди, вели еден од авторите на истражувањето - Никола Калк од Институтот за психијатрија, психологија и невронаука на Кралскиот колеџ.

- Не знаеме дали паметниот телефон сам по себе создава зависност или тоа го прават апликациите што ги користат луѓето - вели Калк.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука