X
 27.06.2020 Наука

Аносмија: Зошто пациентите што боледуваат од Ковид-19 не чувствуваат мирис?

Еден од карактеристичните симптоми на Ковид-19 е аносмија, односно губење на мирисот. Обично овој феномен е поврзан со назална конгестија, но пациентите што боледуваат од Ковид-19 можат да дишат низ носот, а сепак не чувствуваат мирис. По неколкунеделни истражувања научниците претставија модел кој открива зошто се случува тоа.

Со помош на компјутерска томографија на носот и синусите на луѓето со аносмија предизвикана од Ковид-19 научниците забележале дека дел од носот одговорен за сетилото за мирис е блокиран од оток на меките ткива и слузот. Остатокот од носот и синусите изгледале нормално, па пациентите немале проблем со дишење низ носот.

Познато е и дека новиот коронавирус го инфицира телото со врзување на АЦЕ2 рецепторите на површината на клетките кои се наоѓаат во горните дишни патишта. ТМПРСС22 протеинот му помага на вирусот да влезе во клетките. Откако ќе влезе во клетките, вирусот може да се размножува, предизвикувајќи воспалителен одговор во имунолошкиот систем.

miris
Фото: Pixabay

На почеток вирусот треба да зарази и да ги уништи олфакторните неврони - клетки што го пренесуваат сигналот од молекулите на аромата во подрачјето на мозокот каде што тие сигнали се толкуваат како мирис. Но, резултатот од работата на меѓународната група од истражувачи покажа дека на олфакторните неврони нема АЦЕ2 протеини. Но, тие се наоѓаат на клетките што се нарекуваат мирисни неврони.

Научниците посочуваат дека оштетувањето на овие клетки предизвикува имунолошки одговор и едеми, но олфакторните неврони остануваат недопрени. Кога имунолошкиот систем ќе се соочи со вирусот, едемот згаснува и молекулите на миризба можат повторно да влезат во недопрените рецептори.

Но, при сериозен развој, воспалената област и понатаму може да ги оштети другите клетки. Во овој случај обновувањето на мирисот се одвива бавно бидејќи на олфакторните неврони им е потребно време за да се регенерираат.

Добра вест е што тие се регенерираат.

Извор: Nationalgeographic.rs
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука