X
 03.07.2018 Култура

Репортажа за нашата земја: Македонија - новата Грција за туристите

Дали некој слушнал за Охридското Езеро? Македонија го има едно од најголемите и најдлабоки езера во Европа, факт за кој малкумина слушнале. Леснотијата и трошоците за патување меѓу двете земји овозможуваат лесен пат во неистражениот регион од Европа. За да си го направиме животот интересен, го зедовме нашето деветмесечно бебе и користевме јавен превоз.

Македонија неодамна беше на секоја насловна страница поради спорот за името со својот најблизок сосед, што резултира таа официјално да биде преименувана во Република Северна Македонија, во договор меѓу Македонија и Грција, која има регион наречен Централна Македонија. Грците го одолжуваа членството на Македонија во ЕУ и во НАТО токму поради името и поради „присвојувањето“ на Александар Македонски. Овој војсководец е почитуван во двете држави, но Грција е загрижена за територијалните амбиции на Македонија кон Централна Македонија.

ohrid
Фото: iStock


Нашата прва посета во регионот беше Солун во Грција. Патувањето траеше три часа од Скопје, каде што слетавме.

Солун


Рано фативме автобус за да избегнеме метеж на граница за време на одморите. Солун е жив пристаништен град со енергична општествена сцена. Кога се приближува крајот на жешкиот ден, градот оживува навечер.

Фериботот ве носи до две локални плажи. Патувањето трае еден час до Пера, која е оддалечена 17 километри. Кристално чистата вода и рестораните со морска храна беа одлични. Поминавме два дена на плажа, уживајќи во грчкото зајдисонце.

Кога се вративме во Скопје, се упативме кон Охридското Езеро - патување што траеше три часа. Престојувавме во Охрид и ја искористивме локацијата за да уживаме во мирните, топли води на езерото. Охридското Езеро се дели меѓу Македонија и Албанија и покрива 358 квадратни километри. Доста е популарно меѓу Македонците, но има и странски туристи.

Во срцето на Охрид лежи стариот дел на градот, кој содржи многубројни ресторани што го потврдуваат отоманското минато на Македонија, со вкусови од Турција и од Блискиот Исток. На улиците од калдрма на стариот град има неколку барови.

„Ерусалим на Балканот“

Постојат неколку плажи во близина и доста удобности за семејства. Градот, некогаш наречен „Ерусалим на Балканот“ поради големиот број цркви што ги имал, и сега нуди многу историја. Манастирот „Св. Наум“ е оддалечен само 15 минути. Турата на езерото, која трае цел ден, застанува во Заливот на коските и природните извори на јужниот врв и манастирот „Св. Наум“. Изворите го „хранат“ Охридското Езеро со чиста вода филтрирана од Преспанското Езеро. Ридовите што го опкружуваат Охрид се одлична основа за искачување до Националниот парк Галичица, со километарски патеки.

Центарот на градот Скопје е трансформиран како резултат на петгодишен инвестициски проект од повеќе милијарди евра за да се создаде простор за граѓаните и туристите. Бил завршен во 2015 година. Тука доминира статуата на Александар Велики со големина од 22 метри, а плоштадот е опкружен со неокласични градби. Плоштадот ве води до Старата чаршија. Улиците се во отомански стил, преполни со ресторани.

Македонија, додека полека ги стигнува своите соседи на туристичкиот фронт, нуди неверојатни вредности и прекрасни сцени далеку од вообичаениот летен метеж.

Целата репортажа на ОВОЈ ЛИНК
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура