X
 22.10.2021 Живот

Холанѓаните за литар бензин плаќаат 2 евра, еве каде е најевтино горивото

Холандија со моменталната цена од 2,06 евра, односно 2,13 евра за литар бензин е европски рекордер, а околу 2 евра веќе плаќаат и Италијанците и Германците. Од друга страна, Русите, Белорусите и Турците за еден литар бензин плаќаат помалку од едно евро.

Според страницата „Аутотравелер“, во Македонија еден литар Е5 супер чини 1,19 евро, Е5 супер плус чини 1,23 евро, додека дизелот 1,06 евро.

Во однос на регионот, Грците плаќаат најмногу за гориво, па кај нив бензинот чини 1,72, односно 1,89 евро за литар, додека дизелот 1,46 евро. Во Хрватска литар бензин чини 1,48, односно 1,57 евро, додека дизелот е 1,47 евро. Словенците за литар бензин плаќаат 1,29, односно 1,48 евро, додека за дизел 1,33 евро. Во Србија цените за бензинот се 1,38 евро за Е5 супер, 1,47 евро за Е5 супер плус и 1,40 за дизел.

Во Црна Гора литар бензин чини 1,39 евро, додека дизелот 1,27 евро, а во Бугарија цените се 1,17, односно 1,38 евро за Е5 супер и Е5 супер плус, додека дизелот чини 1,17 евро.

Слични цени има и во Босна и Херцеговина, каде што еден литар Е5 супер чини 1,17 евро, Е5 супер плус чини 1,21 евро за литар, додека дизелот е 1,12 евро. Во Албанија литар Е5 супер чини 1,19 евро, а дизел 1,15 евро.

Целата табела за цените на горивото во Европа за октомври 2021 година можете да ја видите во продолжение.

Фото: autotraveler

Извори: Jutarnji | Autotraveler
Насловна фотографија: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот