X
 03.04.2020 Живот

Италијанска болница каде што ниту едно медицинско лице не е заразено со коронавирус

Во Северна Италија илјадници здравствени работници се заразени со коронавирус при борбата против пандемијата, а десетици починаа, но на југ имаа време да се подготват.

Во болницата „Котунго“, специјалистичка установа за заразни болести која сега лекува само пациенти со Ковид-19, вооружени чувари патролираат по ходниците.

Додека брзината на вирусот ги изненади сите на северот, а медицинските тимови беа поразени, работите во оваа болница се сосема поинакви.

Како што известува репортерот од „Њуз скај“, во болницата биле облечени во заштитна облека и очила, и биле внесени во една од нивните единици за интензивна нега.

Персоналот што ги лекува најболните пациенти носи супернапредни маски - слични на маските за гас, а не како маските што ги носи болничкиот персонал.

Персоналот е облечен во дебели водоотпорни костими, што значи дека лекарите и медицинските сестри се добро заштитени. Неверојатно, но досега ниту едно медицинско лице не било заразено, што значи дека се многу важни соодветната опрема и вистинскиот протокол.

На лицата на кои им се влошува состојбата надвор од собата се подготвува инјекција. Сестрата не влегува внатре, туку комуницира со колегите во собата преку прозорец. Докторите во собата не излегуваат за време на кризни моменти.

Кога е подготвен, лекот се дава низ мал процеп.

Значи, медицинската сестра не била внатре, не допрела ништо и никого, но веднаш ги отстранува ракавиците и оди да се мие. Оваа внимателност се случува постојано.

maski

Оваа болница е исклучок на југот од земјата. Од болницата предупредуваат дека секој може да се зарази, не само старите. Тука има и многу млади пациенти, а интересно е тоа што најмногу се заразува средната класа во земјата. Зошто? Затоа што најмногу патуваат.

Она што навистина е впечатливо во болницата се правилата за одвојување на заразените средини и чистите средини, а правилата ги следат сите. Но, вооружените чувари се наоѓаат во сите ходници, во случај некој да ги заборави правилата.

Кога се носи нов пациент, подготовката е клучна за ширење на вирусот.

- Многу е важно да се раздели ходникот, да се организираат облекувањето и соблекувањето, да се стави сестра или доктор во собата, да се стави маската, сето тоа е многу важно - вели д-р Роберто Парела.

На прашањето дали соодветната опрема е еднакво важна, докторот вели да.

Во една од субединиците на интензивна нега, каде што закрепнуваат пациентите, се применуваат истите правила како на интензивна нега. Црвена и бела лента ја означуваат линијата што не смее да се премине.

Медицинските сестри и доктори од незаразената средина му помагаат на персоналот што се наоѓа во средината каде што има заразени токму преку линијата. Никако не смеат да ја преминат.

Одвоеноста е клучот. Одвоеност што докторите од оваа болница велат дека речиси би била невозможна за лекарите и медицинските сестри на северот бидејќи бранот на пациенти бил многу голем.

Две одделенија ги води д-р Џузепе Фиорентино. Тој го контролира целиот персонал за да се задржат ширењето на вирусот. Како што објаснува докторот, предноста што вработените ја имаат во оваа болница е тоа што се навикнати да се справуваат со сериозни болести како ХИВ/СИДА и туберкулоза.

Тој објаснува дека мерките што ги следат за Ковид-19 се нешто со кое се запознаени. Тоа знаење го штити неговиот персонал.

Според д-р Џузепе, на северот има повеќе заразени доктори затоа што кај нив не успеало одржувањето на линиите за одвојување. Не обвинува, туку кажува само факт.

- Во оваа болница нема ниту еден таков случај - вели тој.

Извор: News.sky.com
Фото: Screenshot/Sky News
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот