X
 03.07.2025 Живот

Јапонски изум кој спречува погрешно притискање на педалот за гас наместо кочница

Јапонската влада најави дека од 2028 година ќе воведе обврска за вградување уреди што спречуваат погрешно ракување со педалите, со цел да се избегнат несреќи предизвикани од случајно притискање на педалот за гас наместо на кочницата.

Според информациите објавени од Министерството за земјиште, инфраструктура, сообраќај и туризам на Јапонија, ревидирани се стандардите за безбедност на возилата.

Новите прописи ќе се однесуваат на патнички возила со автоматски менувач кои ќе се продаваат по септември 2028 година.

Кога станува збор за увозни возила, обврската ќе стапи во сила во септември 2029 година.

Уредот за спречување погрешно притискање на педалите ја ограничува брзината на возилото на помалку од 8 километри на час доколку пред него, на оддалеченост од 1 до 1,5 метар, има пречка, а возачот по грешка го притисне педалот за гас.

Оваа мерка е воведена поради сериозна несреќа што се случила пред шест години во Токио, кога постар возач по грешка притиснал гас наместо кочница.

Во меѓувреме, јапонската влада ја проширила примената на уредите за спречување погрешно користење на педалите и денес системот е вграден во повеќе од 90 отсто од возилата произведени по 2023 година.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот