X
 03.08.2016 Живот

Техники кои најчесто ги користат манипулаторите

Психопатите не се наоѓаат само во филмовите и моралните приказни од Вол Стрит. Тие се меѓу нас, меѓу нашите колеги и во нашите канцеларии. Едно истражување открива дека мал но значителен дел од бизнис лидерите (3-4%) ја исполнуваат клиничката дефиниција на психопат.

Истото важи и за нарцисите. Науката покажува дека одредената доза на нарцизам всушност може да помогне во успехот на бизнисот. Во текот на работата речиси секој од нас ќе сретне токсични нарциси и психопати кои постојано се обидуваат да ги злоупотребуваат и манипулираат со луѓето. Кои техники најчесто тие ги користат и како да се одбраниме од нивната манипулација?

1. Измислување

Ова е манипулативна тактика која може да се опише во различни варијации, а најчесто манипулаторите ги користат фразите: „Тоа не се случи“; „Си замислуваш“; „Дали си луд?“. Ова една од најподмолните манипулативни тактики бидејќи е создадена да го наруши и намали вашето чувство за реалност; ја јади вашата способност да си верувате себеси и не ви дава да почувствувате дека некој ве малтретира или злоупотребува.

Како да се одбраните? Запишувајте ги работите што се случуваат или почесто потсетете се како и зошто се случиле работите, за да не дозволите некому да ги изврти работите онака како него му одговара.

2. Проекција

Токсичните луѓе постојано тврдат дека сите неволји кои ги опкружуваат не е по нивна, туку по ваша вина. Ова се нарекува проекција. Сите тоа го правиме, меѓутоа до одредена мера, додека нарцисите и психопатите тоа го прават постојано. Проекцијата за нив е одбранбен механизам кој се користи за да се менува одговорноста на негативното објаснување и карактеристиките кон друга личност.

Решението? Немојте да сочувствувате со овие токсични луѓе. Проектирајте ја сопствената совест и систем на вредности врз другите.

3. Генерализации

Велите дека понекогаш вашиот колега не ги зема во предвид долгорочните последици од одредени финансиски одлуки. Психопатот од вашата канцеларија тврди дека вие сте го обвиниле за пропаѓање на договор, иако тоа воопшто не е она што сте го кажале.

Што се случува? Не е само дека вашиот непријател не сфати што сте рекле, туку тој/таа не е заинтересиран/а да сфати.

Малигните нарциси не се секогаш интелектуалци - голем дел од нив се интелектуално мрзливи. Наместо да одвојат време внимателно да ја разгледаат ситуацијата од различна перспектива, тие генерализираат се' и секој што ќе каже.

За да го спречите ова држете се до вашата вистина и спротивставете се на генерализирачките изјави.

4. Поместување на целите

Навредливите нарциси и социопати користат логичка заблуда позната како „поместување на целите“ со цел да се осигураат дека имаат причина постојано да бидат незадоволни од вас. Дури и ако обезбедите докази со кои ќе ги поткрепите вашите аргументи или со кои ќе ги исполните нивните барања, тие ќе постават други очекувања од вас или ќе бараат дополнителни докази.

Не ја играјте нивната игра. Нема што да им докажувате - вие самите знаете дека она што сте го направиле е доволно.

5. Промена на темата

Менувањето на темите звучи невино, меѓутоа ако тоа го спроведува еден манипулатор, тогаш станува збор за средство кое го користи за да ја избегне одговорноста. Нарцисите не сакаат да разговараат на тема која посочува дека тие се виновни за нешто, такашто тие ќе ја променат дискусијата и ќе ја одведат во друга насока.

Ова може да се случува постојано доколку го дозволите. Обидете се да се спротивставите. Продолжете со наведување на фактите и кажете им: „Не е тоа јас за кое зборувам. Да се фокусираме на вистинскиот проблем“.

6. Навреди

Никако не смеете да толерирате навреди. Важно е да ставите крај на било каква интеракција која се состои од навреди и разговор кој прави да се чувствувате лошо.

7. Хајка


Кога токсичните видови на луѓе не можат да го контролираат начинот на кој се гледате себеси, тие започнуваат да контролираат како другите ве гледаат вас; глумат маченици додека вие сте нарекувани токсични. Со тоа тие спроведуваат хајка со која го саботираат вашиот углед и го клеветат вашето име.

Понекогаш злобните генијалци делат и освојуваат, спротивставувајќи им се на две лица или групи едни против други. Не им дозволувајте да успеат во ова. Документирајте било каква форма на вознемирување.

8. Обезвреднување


Бидете внимателни и пазете се кога еден колега глуми дека ве сака, додека го оцрнува последниот човек кој бил на вашата позиција. Нарцисоидните насилници го прават ова постојано - тие ги понижуваат претходните колеги пред нивните нови колеги и со текот на времето новиот колега добива исто малтретирање како претходниот колега на нарцисот.

Доколку сте свесни за овој феномен, тогаш веќе сте го презеле првиот чекор во борбата против истиот. Гледајте како една личност се однесува или зборува за друга со што ќе го откриете начинот на кој тие ќе се однесуваат со вас во иднина.

9. Агресивни шеги

Проблемот не е вашата смисла за хумор, туку скриената намера во таа шега. Тајните нарциси уживаат во давањето злонамерни забелешки на ваша сметка. Тие обично се маскирани само како шеги за нарцисите да можат да се извлечат истовремено велејќи ужасни нешта и одржувајќи невино, кул однесување.

Не им дозволувајте да прават вакви шеги и дајте им до знаење дека шегите не им се смешни.

10. Триангулација

Еден од најпаметните начини на кои токсичните луѓе ви го одвлекуваат вниманието е тоа што ве тераат да се фокусирате на наводната закана од друга личност. Нарцисите обожаваат да кажуваат лаги за тоа што другите велат за вас.

Вие можете да се обидете да примените обратна триангулација или да побарате поддршка од трета страна која не е под влијание на манипулаторот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот