X
 27.01.2015 Технологија

Апликација за нарциси и снобови

Не сакате да имате ништо со „обичните“ луѓе кои не ги задоволуваат вашите критериуми? Имаме нешто само за вас.


Се работи за апликација која ги спојува само најпопуларните помеѓу нас. „The league“ не може да ја има секој. По испратеното барање, врз основа на биографијата и фотографијата, одговорните ќе одлучат дали ќе ви одобрат или одбијат членство.

Oние кои ќе успеат да влезат ќе имаат можност да комуницираат само со луѓе со сличен статус. Профилот на корисниците на апликацијата нема да биде достапен дури и за нивните најблиски пријатели, доколку и тие не се дел од „клубот на посебните“.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија