X
 03.10.2018 Живот

Неверојатна глетка - спасување на заринкан кит

Овој викенд во Аргентина беше спасен голем грбав кит, по 28-часовна акција на триесетина луѓе кои со здружени сили се обидоа да го вратат во морето.

Китот заринкал оваа сабота, на плажата во градот Мар дел Тују, 300 километри јужно од Буенос Аирес, а Здружението „Мундо Марино“ сега објави видео од неверојатната акција за неговото спасување.

Спасувачите прво се обидоа да го вратат китот со помош на багер, но не успеале. Биологот Карина Алварез за локалните медиуми изјави дека китот не можел да се движи со опашката и предните перки. Бил многу слаб. Поради тоа, брановите го враќале назад во плитката вода.

Луѓето на крајот успеале да го спасат со помош на специјален ремен за влечење и брод, со кои го вовлекле во длабоките води. Целата акција можете да ја проследите во продолжение.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот