X
 09.04.2020 Образование

Средни училишта во САД се вклучуваат во прекрасна акција во чест на нивните ученици

Пандемијата на коронавирусот ги затвори училиштата во Македонија, а истото се случи и на многу места низ САД. Можеби голем дел од учениците нема да се вратат во училишните клупи оваа учебна година, но училиштата низ САД се вклучуваат во акција во чест на сите ученици. Средните училишта почнале да ги вклучуваат светлата на своите игралишта како дел од движењето #BeTheLight.

Движењето почнало со објава на „Твитер“ на 24 март од едно средно училиште во Тексас.



- За сите ученици во училиштето, вечерва и секоја вечер од 20 до 21 во работните денови ќе ги вклучуваме светлата на игралиштата за вас... како симбол за надеж и гаранција дека сте во нашите срца и мисли - напишал директорот Брет Бисли на „Твитер“.



Друго средно училиште во Тексас одговорило на предизвикот објавувајќи фотографија од своето осветлено игралиште. Во Минесота над 200 училишта го користат хаштагот #BeTheLightMN. Некои училишта ги вклучуваат светлата во одредени денови во 20:20 (соодветно на годината), а некои го прават тоа само во петок.



Автор: Елис Соле
Извор: yahoo.com

Фото: Twitter

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование