X
 03.11.2018 Живот

Како да останете дисциплинирани додека работите од дома?

Работењето од дома не е за секого. Лесно е вниманието да ви биде одвлечено кога самите на себе сте си шеф кога станува збор за менаџирање на времето.

Еве неколку совети од авторката Џенифер Стил, која десет години работи од дома, за тоа како да останете фокусирани и дисциплинирани додека работите од дома.

1. Направете распоред

Иако многумина мислат дека можноста за промена на рутините е предност во работењето од дома (и навистина е одлично да може сред ден да отидете на закажаниот преглед кај стоматологот), сепак Џенифер вели дека работи најдобро кога се придржува до прилично прецизен распоред.

2. Раздвижувајте се барем на секој час

Не само што ќе ви овозможи да си ги истегнете нозете и да го подобрите крвотокот додека земате кафе од кујната, туку ќе ви помогне и со обновувањето на концентрацијата. Исто така, не заборавајте да пиете вода. Тоа дополнително ќе ве раздвижи.

3. Хранете се здраво

Освен што ќе ви помогне да одржите здрава тежина, јадењето здрава храна помага и во добивањето енергија и во фокусирањето.

4. Исклучете ја електронската пошта кога имате напорен проект

Секако повеќето од тие пораки не ви се толку важни и веројатно ќе ги избришете дури и без да ги отворите. Затоа исклучете се и заборавете на пораките.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот