X
 15.04.2015 Технологија

Како да скенирате стари фотографии со телефонот?

Се сеќавате кога сите купувавме филмови пред да одиме на одмор или пред одредена церемонија? Потоа тие филмови ги остававме во фото-студио и по неколку часа добивавме печатени фотографии. Овие фотографии не можат да се избришат ненамерно или да бидат избришани поради паѓање на оперативниот систем или слично. Затоа, ги чуваме со децении.



Доколку сакате дигитална верзија од сите овие фотографии може да го сторите тоа со телефонот. Пред да започнете со скенирањето, погрижете се светлото да биде добро. Уредот треба да биде наместен паралелно со фотографиите за сечењето подоцна да биде полесно. Следниот чекор се апликациите наменети за скенирање и чување печатени фотографии.

За ајфон

Доколку користите ајфон се препорачува „Pic scanner“, бесплатна апликација која е лесна за користење. За да го задржите квалитетот скенирајте ја секоја фотографија посебно.


За „Андроид“

Heirloom“ е апликацијата која ви е потребна. Оваа апликација е достапна и за корисниците на „iOS“ доколку не им се допаѓа претходната.


Имајте предвид дека овие апликации се само за фотографии, не и за документи.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија