Инфлацијата забрзува во многу делови од светот, вклучувајќи ја и нашата земја. Државите се обидуваат да го намалат ефектот врз граѓаните, но тоа го прават и компаниите. Постојат начини на кои произведувачите на стоки и супермаркетите „скриено“ ја зголемуваат цената на нивните производи.
Продажба на сопствени производи
Продажбата на производи што се произведени од самите супермаркети најчесто расте кога се намалуваат приходите на маркетите. Затоа, големите супермаркети ги промовираат своите производи нудејќи ги по ниска цена.
Овие производи генерално носат поголем профит од другите производи, дури и кога се продаваат по ниска цена. Ова дава чувство дека производите во маркетите се евтини, дури и кога тоа не е случајот.

Фото: Pixabay
Намалување на пакувањата
При висока инфлација честа стратегија на произведувачите е да ја намалат содржината на пакувањата. Потоа, истите произведувачи може да се вратат на старата грамажа, но нудејќи ја разликата како „дополнителна“ и „бесплатна“.
Направи сам
Многу производи што ги користиме се резултат на комбиниран труд. За време на инфлација, некои произведувачи се обидуваат да заштедат на работна сила и промовираат производи кои не се целосни, односно кои купувачите треба да ги довршат, како мебел кој се склопува и слично.
Извор:
The conversation
Насловна фотографија: Pixabay