X
 03.12.2020 Живот

Во најстудениот град во Русија за 5 дена падна снег колку што паѓа за два месеца

Сите знаеме дека зимата не е зима ако не заврне барем малку снег. Дури и неколку сантиметри ќе завршат работа затоа што не постои ништо позабавно од играта на снегот.

Но, на другата страна на светот, во рускиот Сибир, луѓето не сонуваат баш за бел Божиќ затоа што во Норилск, најсеверниот град на Русија, луѓето се соочуваат со континуиран мрак цели 45 дена секоја година, со температури од -30 Целзиусови степени.

Сега градот се соочува со постојани петдневни врнежи од снег. Хидрометеоролошкиот центар во Краснојарск објави дека за неколку дена паднал снег 194 отсто од месечната норма. Згора на тоа, локалното население мора да се справи и со налетот на студен ветер.

Сликите од сибирскиот снежен град кажуваат многу. Колку и да ни изгледа забавно, не можеме а да не се запрашаме како локалното население се справува со тоа: откопување на автомобили, дворови и градини, човек треба да има големи вештини за преживување во вакво време.

Норилск се наоѓа на 300 километри северно од Арктичкот Круг и е познат како место на брутални крајности. Станува збор за едно од најтемните и најстудените места во Русија бидејќи од почетокот на декември локалното население се соочува со вечна ноќ. Ноќта обично трае од 30 ноември до 13 јануари. Надвор од градот, каде што живеат речиси 178.000 луѓе, се наоѓа ненаселената дивина во северен Сибир.

Градот не е познат само по студеното време, туку и по тоа што е еден од најголемите загадувачи, претворајќи ја областа во мртва зона на безживотни стебла, кал и снег. Компанијата „Норлиск никел“ е најголем светски производител на паладиум и најголем снабдувач на метали, како бар, никел итн.












5

6

Извор: Bored Panda
Фотографии: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот