X
 03.12.2022 Наука

Научник пуштил јајце од вселената и не се скршило

Марк Робер, поранешен инженер во американската вселенска агенција НАСА, сакал да пушти јајце од највисоката можна точка без да се скрши. Затоа одлучил да фрли јајце од вселената.

Тој го ставил јајцето на ракета, а ракетата ја закачил на балон кој ја однел во вселената. Во вселената балонот ја ослободил ракетата во слободен пад.

За време на падот ракетата ослободила уред со падобран кој безбедно го вратил јајцето на Земјата без да се скрши.

Робер го снимил целиот проект во видео кое ги покажува сите чекори од патувањето на јајцето до вселената и назад.


Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука