X
 30.06.2018 Живот

Робот и јако кафе испратени кон Меѓународната вселенска станица

Компанијата „Спејс икс“ испрати пратка со опрема и други работи кон Меѓународната вселенска станица (ИСС) со помош на веќе користена ракета.

Ракетата „Фалкон“ беше лансирана од Кејп Канаверал.

Пратката тешка 2,7 тони, меѓу другото, содржи генски идентични глувци, кафе со зголемена содржина на кофеин за екипажот на ИСС, а беше испратен и првиот робот со вештачка интелигенција.

Пратката спакувана во капсулата „драгон“ би требало да стаса в понеделник.

Ова е првпат компанијата да искористи веќе употребена ракета, но веќе нема да ја користи бидејќи преминува на нов модел.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот