X
 30.04.2021 Наука

Кина го лансира главниот модул од својата вселенска станица

На 28 април Кина го лансира главниот модул за својата вселенска станица во орбитата. Со тоа почнува процес од 18 месеци за изградба на вселенската станица во долгиот дел од орбитата. Кина планира да ја заврши станицата до крајот на 2022 г. Оваа станица ќе стане 12. објект во орбитата во кој ќе живеат луѓе. Таа ќе стане и прво место за живот во вселената надвор од Меѓународната вселенска станица.

Зошто Кина гради вселенска станица?

Кина има забрана за учество во мисии до Меѓународната вселенска станица од 2011 откако американскиот конгрес донел закон со кој забранува контакт на Американци со кинеската вселенска програма поради грижи за национална безбедност.

Истата година Кина лансирала своја вселенска станица, која била функционална 4 години, но се сруши во Тихиот Океан во 2018 г. Била лансирана и втора станица во 2016, која била вратена на Земјата во 2019 г. Овие станици биле тестови за станицата што Кина сега ќе ја гради.


Фото: Принтскрин/Youtube

Кога ќе биде готова, вселенската станица ќе биде со големина колку една четвртина од Меѓународната вселенска станица и ќе вклучува три модули во кои кинеските астронаути ќе може да живеат до шест месеци. Станицата ќе кружи на височина од 370 километри, што е околу 30 километри пониско од Меѓународната вселенска станица.

Централниот модул кој штотуку беше лансиран тежи 24 тони, а ќе се користи за живот на астронаутите. Други два модули ќе бидат испратени во текот на годинава, а ќе се користат за научни истражувања. Кина ќе дозволува спроведување меѓународни експерименти на нејзината вселенска станица.

Во видеото во продолжение може да го погледнете лансирањето на модулот.


Автор: Џексон Рајан
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука