X
 04.03.2020 Здравје

Приказната на Џули од Сингапур: Како закрепнав од коронавирусот

Додека новиот коронавирус продолжува да се шири во светот и паниката станува сѐ поголема, треба да се напомене дека илјадници луѓе закрепнале од болеста.

Но, ретко кој од нив сака јавно да зборува за искуствата поради дискриминацијата и стигмите со кои би можеле да се соочат.

Џули од Сингапур, каде што се забележани повеќе од 100 случаи на заразени со новиот вирус, одлучила јавно да проговори за нејзиното искуство.

- Немав никакви симптоми, дури ни кивање ни кашлање. Сепак, на 7 февруари, околу 3 часот се разбудив и целата соба ми се вртеше - објаснува таа.

На Џули ѝ бил дијагностициран Ковид-19 и веднаш била ставена во изолација. Цело време додека била во карантин снимала видеоклипови.

Таа објаснува како храната, лековите, облеката и пешкирите ги добивала преку безбеден отвор, како ѝ било дозволено да користи телефон за повици и допишување.

- Но, додека бев без никаква човечка интеракција, речиси добив желба да почнам да тропам по ѕидот и само да разговарам со пациентот во соседната соба. Само да разговарам со човечко суштество - вели таа.

Џули додава дека кога минувала низ критичната фаза, еден од проблемите со кои се соочила било дишењето.

- Чувствував како белите дробови да ми се преморени, навистина многу се напрегаа. Тоа не е како во нормалните денови кога не сме ни свесни како дишеме. Беше многу напорно кога се обидував да станам од кревет и да одам до бањата, која е оддалечена околу пет метри - вели Џули.

Таа додава дека не ги знае долготрајните последици, но не може да оди долго време бидејќи чувствува дека ѝ недостига здив, а тоа не ѝ се случило никогаш порано.

Погледнете ја приказната на Џули.



Извор: BBC
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје