Имам 10-годишен син кој има тикови. Тиковите се појавија некаде по 4. година во градинка со нерационално допирање со рацете кон другите делови од телото ( за тие тикови дури сега сме свесни дека се тикови, порано не мислевме дека тоа се тикови). Тие се намалуваа повремено, па се враќаа и слично. Сега, од 9-10 годишна возраст се најизразени и тиковите се во вид на кимање со око, прави бакнеж со устата и звучен тик со изговор на буквата С или зборот ЈЕС. Сегашните тикови почна со поголем интензитет некаде на 8-годишна возраст, во трето одделение кога почнаа дел од децата со навреди кон него со разни зборови, како „педер“, издајник и слично, па и закани дека ќе го тепаат. Сега во петто одделение сѐ повеќе има физичко насилство кон него и тиковите се сѐ поизразени. Одличен ученик е, оди на меѓународен натпревар по математика Кенгур, освојува прво, второ место, посетува настава и во музичко училиште, свири на пијано, се занимава и со спорт (болдер-искачување на карпи).
Во летен распуст се намалуваат тиковите зашто нема контакт со соучениците што го малтретираат. Проблемот со насилниците се обидуваме да го решиме на училиште, со директорката и со стручната служба, ама некако нема слух, се правдаат дека треба да се почитува закон, постепени мерки, опомени. Дали има потреба од посета на психолог, психијатар или друга стручна служба?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк.