Син ми има 3 години и веќе една година оди во градинка, меѓутоа, никако да се навикне, а претходно го чуваше баба му. Цело време се жали дека му ги земаат играчките и дека децата се удираат. Учителките велат дека таму е супер, но кога ќе се врати дома покажува лутина, се буди навечер вознемирен. Еден ден ќе успееме да го однесеме, а наредните 3 дена никако не успеваме да го убедиме. Секое утро станува и нѐ моли да не го носиме, плаче, вреска и не можеме ни да го облечеме.
Дали навистина чувствува несигурност во градинка, не знаеме, но кога ќе го однесеме цело тело му се тресе, премногу е вознемирен. Страв ни е дека ако продолжиме вака, може да направиме поголем проблем.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк