X
 04.05.2018 Живот

Што му шепна Ким Јонг-ун на лидерот на Јужна Кореја?

Ким Јонг-ун им открил редок увид во неговиот бизарен личен живот на читачите на усни, кои го проучуваат историскиот состанок меѓу лидерите на Северна и на Јужна Кореја.

Двајцата корејски лидери главно разговарале за нуклеарни бомби, за Америка и за претседателот Трамп на нивниот историски состанок минатата недела. Но Ким, исто така, на лидерот на Јужна Кореја му открил и неколку детали од својот приватен живот.

„Тешко беше да се разбере целиот разговор, но се појавија фрагментирани клучни зборови како ’објект за нуклеарно оружје‘, ’Трамп‘, ’Америка‘ и ’Обединети нации‘“, изјавил презентерот на јапонското шоу „Ен-ти-Ви“, кој изнајмил читач на усни.

kim
Фото: ААР

Експертите предупредија дека е тешко да се открие што зборувале лидерите од далечина и под агол.

Асухито Исозаки, експерт за Северна Кореја од јапонскиот Универзитет „Кио“, изјави дека Ким повеќе слушал отколку што зборувал. Три читачи на усни вработени во јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“ изјавиле дека Мун го водел разговорот, започнувајќи со зборовите: „Да не ги прекинеме нашите односи, да разговараме повеќе и да се движиме во позитивна насока“, додека Ким рекол: „Самитот Северна Кореја-Америка мора да даде позитивни резултати и сакам да преземам чекор по чекор за елиминација на сите проблеми“.

Еден од читачите на усни рече дека двајцата лидери разговарале за сомнежите на Вашингтон за подготвеноста на Пјонгјанг да ја укине програмата за нуклеарно оружје.

Јужнокорејските официјални претставници одбиле да ги потврдат наодите на експертите, иако портпаролот негирал дека лидерите разговарале за објекти за тестирање на нуклеарно оружје во текот на нивната средба.

„Татко ми ме погледна и ми рече да се оженам со таа жена, така што јас му верував“, му рекол Ким на Мун.

Ким стана првиот лидер на Северна Кореја што премина на југот и се сретна со Мун како знак на примирје, во селото Панмунџом.

Северна Кореја ги ослободува американските затвореници

Северна Кореја ослободи три американски државјани кои биле заробени од страна на комунистичката диктатура. Со ослободувањето се исполнува еден од трите услови на Трамп пред тој да се сретне со лидерот на Северна Кореја. Затворениците биле обвинети за шпионажа и непријателски дела.

Во јуни, Ото Вармбиер, американски студент кој бил уапсен и држен како затвореник во Северна Кореја, починал по само неколку дена откако бил вратен во Америка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот