X
 04.05.2020 Наука

Прекрасни фотографии покажуваат почеток на формирање планети

Меѓународен тим на астрономи успеал да направи неколку исклучително ретки фотографии од раѓање на планетарни системи оддалечени стотици светлосни години.

Иако порано сме виделе фотографии од протопланетарни дискови, никогаш не сме го виделе процесот снимен толку детално.

- На претходните фотографии, регионите во близина на ѕвездата, каде што се формираат карпестите планети, се покриени со само неколку пиксели - вели водечкиот автор Жак Клускa од Католичкиот универзитет во Левен, Белгија.

На фотографиите може да се видат внатрешните области околу млади ѕвезди каде што планетите почнуваат да се оформуваат, акумулирајќи материја од прашина и гас. Зрната прашина се насобираат во поголеми карпи, од кои некои на крајот прераснуваат во цели карпести планети.

Фото: Futurism

- Треба да ги визуализираме тие детали за да можеме да ги идентификуваме шемите што може да го откријат формирањето на планетата и да ги карактеризираат својствата на дисковите - истакнува Клуска.

Истражувачите морале да искористат релативно нова техника за правење вакви фотографии, наречена инфрацрвена интерферометрија, во Европската јужна опсерваторија во Чиле.

Техниката не создава фотографија директно. Користејќи математички модели, тимот успеал да ги оддели дисковите од светлината емитувана од самата ѕвезда. Нивото на деталите на новите фотографии е неверојатно.

И што виделе на новите фотографии? Светлите и темните точки може да се знак дека може да има нестабилности во дискот кои може да доведат до вители каде што дискот акумулира зрна вселенска прашина, која, според Клуска, може да порасне и да еволуира во планета.

Извор и насловна фотографија: Futurism
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука