X
 04.06.2021 Економија

Колку од сите пари на светот се вложени во биткоини?

Биткоинот беше претставен во 2009 година, а со него започна нова ера на блокчејн-технологија и дигитални валути. Сите редовно слушаме за растењето и паѓањето на вредноста на еден биткоин, но дали знаеме колку пари на светот се во биткоини? „Инвестопедија“ одговара на ова прашање.

На 30 мај годинава вредноста на еден биткоин изнесувала 34.843 американски долари, а според оваа вредност, сите биткоини на светот на тој датум вределе 653 милијарди долари. За споредба, богатството на Џеф Безос изнесува 177 милијарди долари.


Фото: Pixabay

Меѓутоа, за да се пресмета колку од сите пари во светот се вложени во биткоини, треба да се земат предвид повеќе видови богатства, како пари, скапоцени метали, долгови итн. Според пресметка на „Мани проџект“, на крајот од мај целото богатство во светот имало вредност од 35,2 билиони долари.

Според тоа, во биткоин се вложени околу 1,8% од проценетата вредност на сите пари во светот.

Во споредба со златото, сите биткоини во светот се вредни колку 5,3% од вредноста на целото злато.

Извор: investopedia.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија