X
 04.08.2021 Живот

Во Сеул е најскапо, во Техеран најевтино. Колку чини една шолја кафе низ светот?

Кафе може да најдете во сите делови од светот, иако тоа веројатно ќе се разликува од место до место. Освен начинот на подготовка, се разликува и цената на шолја кафе во зависност од местото.

Една мапа од блогот „Сејвинг спот“ ги илустрира овие разлики во цената на шолја кафе низ светот. Мапата била составена користејќи податоци од цените на кафето во 5 кафулиња во главниот град на секоја земја. Така се добиени просечните цени на еспресо, лате и капучино во секој главен град.

Според мапата, шолја кафе најмногу би ве чинела во Сеул, Јужна Кореја, каде би платиле просечно 7,77 долари за едно кафе. Во Техеран, Иран, тоа е најевтино и чини 0,46 долари. Во САД просечно кафето чини 3,77 долари.


Фото: Cash Net USA

Според мапата, шолја кафе во Скопје чини просечно 1,59 долар, помалку од 1,81 долар во Белград, 2,03 долари во Софија и 3,53 долари во Атина, но повеќе од 1,21 долар во Тирана. Во Загреб кафето чини околу 2,33 долари, а во Сараево 2,08 долари.

Во Виена би платиле околу 4,04 долари за кафе, во Рим 2,47 долари, во Берлин 3,67 долари, а во Лондон 3,70 долари.

Мапата со оригинална големина пронајдете ја овде.

Извор: Mental Floss 
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот