X
 04.08.2025 Образование

УКЛО КОЛОРС настани што се паметат: Универзитетска трка и фрка – спортскиот пулс на УКЛО

Кога спортот, духот на заедништво и универзитетската енергија ќе се спојат на едно место, се добива настан како „Универзитетска трка и фрка“ – динамична манифестација што и годинава ја обои академската заедница со боите на КОЛОРС Алијансата.

Домаќин на спортската сцена за студенти, наставен и академски кадар од УКЛО беше Факултетот за безбедност во Скопје. Учесниците имаа можност да ги измерат своите сили во трката од 2,5 км, но и во нови, креативни спортски дисциплини што првпат беа дел од програмата.

5

Организацијата - на врвно ниво, почнувајќи од професионални стартни пакети, електронското мерење на време, до посттркачки активности што ги истакнуваат умешноста, тимската работа и спортскиот дух на учесниците. Настанот уште еднаш покажа дека УКЛО знае да организира спортска манифестација по европски стандарди, дури и надвор од своето седиште.

1

Марјан Љамчевски, виш соработник за култура и спорт на УКЛО, особено го истакнува значењето на овој пристап: факултетите како активни носители на спортскиот живот. Овој пристап, успешно реализиран на Факултетот за безбедност – Скопје, овозможи оваа единица на УКЛО успешно да се позиционира како пример – како може еден факултет да изгради и препознатлив спортски идентитет. На овој план УКЛО е познат по својата јасна визија: секоја универзитетска единица да има свој спортски белег што ќе биде мотив и за студентите и за вработените – не само за натпревар, туку и за дружење, влог за подобро здравје и јакнење на заедништвото.

3

4

„УКЛО е модел што треба да се следи. Вие ја обликувате младата генерација на Европејци што работат заедно“, вели Анете Клинкерт, извршна директорка на Алијансата КОЛОРС која оствари лично рекреативно искуство како еден учесниците на „УКЛО ВЕЛО / УКЛО МАРШ“, организирано движење до манастирот „Св. Атанас“ во село Смолево, Нејзиното и присуството на други високи гости од КОЛОРС Алијансата, вклучувајќи ги проф. д-р Хаике Траутман – новата претседателка на Алијансата, и д-р Крис Шатка – офицер за квалитет, го потврдуваат меѓународниот карактер и заложбата на УКЛО за интернационализација и европеизација на академската култура.

6

7

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование