X
 04.09.2018 Образование

1.600 идни бруцоши се пријавени во првиот уписен рок на УГД


Околу 1.600 завршени средношколци сакаат да студираат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, покажуваат бројките од првиот уписен рок за запишување на студенти во прва година за академската 2018/2019 година, јави МИА.

Проректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, Кирил Барбареев, на денешната прес-конференцијa информира дека во рамките на оваа бројка се и пријавените 120 странски студенти од Турција, Србија и од Бугарија. Забележува дека се пополнети квотите за општа медицина и на студиската програма за медицински сестри, каде што има голем интерес.

- Во моментов ќе се консултираат студентите за нивната втора и трета опција. Се очекува и во вториот уписен рок да има голем интерес за Факултетот за медицински науки - вели Барбареев.

Тој истакна дека се добри и бројките на факултетите за информатика, филолошкиот, економскиот, правниот.

- Генерално постои некој баланс меѓу општествените и хуманистичките науки и меѓу техничките и природните науки. Кога ќе се соберат сите бројки, може да се каже дека сите факултети и центри на универзитетот ќе имаат пристојна бројка, соодветна за нормална работа и функционирање на факултетите - рече Барбареев.

Идните студенти, кои се примени во првиот уписен рок, можат да се запишат на факултетите и академиите на штипскиот универзитет на 12 и 13 септември, а веќе од 14 до 17 септември ќе биде и вториот уписен рок на оние факултети, каде што има слободни места за одредени студиски програми.
Штипскиот универзитет веќе се подготвува и за првиот академски час, кој оваа година е на 1 октомври.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование