X
 07.11.2026 Образование

УКЛО ги отвора вратите кон македонската култура и традиција: Виртуелно патување низ Македонија на 9 ноември

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 9 ноември 2026 година ќе ја претстави Македонија пред европската академска заедница благодарение на учеството во иницијативата COLOURS Virtual Journey Weeks, што се реализира во рамките на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.

Под мотото „United in Diversity“, Обединети во различноста, УКЛО подготви виртуелно патување низ македонската култура, традиција, историја и природни убавини. Програмата опфаќа шест тематски сесии преку кои учесниците ќе имаат можност поблиску да ја запознаат Македонија и дел од нејзиното културно и јазично наследство.
Во фокусот ќе бидат македонската култура и традиција, Галичката свадба, природните убавини на земјата, глаголицата, приказната за „Силјан штркот“, како и можностите и предизвиците поврзани со употребата на македонскиот јазик во контекст на вештачката интелигенција.

Активностите ќе се одвиваат во реално време, од 11:00 до 14:30 часот, а покрај студентите и академската заедница, добредојдени се и сите заинтересирани што сакаат да дознаат повеќе за Македонија. Заинтересираните можат да се приклучат на настанот преку „Гугл мит“.

Виртуелното патување е дел од пошироката иницијатива COLOURS Virtual Journey Weeks, која се одржува од 4 до 25 ноември 2026 година и ги поврзува деветте европски универзитети членки на Алијансата. Секој универзитет има свој ден посветен на претставување на земјата, нејзините особености, културни вредности, јазици и академски искуства.

укло

Целта е преку непосредна виртуелна размена да се поттикнат меѓусебното запознавање, споделувањето знаења и културната размена, промовирајќи ја различноста како заедничка европска вредност.



Повеќе информации за иницијативата и програмата се достапни на официјалната веб-страница на COLOURS.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование