Во бројните активности на УКЛО КОЛОРС посебно место има настанот Недели на виртуелно патување - Virtual Journey Weeks , добра можност студенти и вработени на УКЛО заедно со колеги од универзитетите партнери на КОЛОРС да учествуваат во интерактивно, виртуелно патување низ девет различни земји насловено Virtual journey weeks.
Под мотото „Обединети во различноста“, секоја држава има по еден ден со свои настани кои ќе се одвиваат во реално време. УКЛО „настапува“ на 9 ноември и во рамките на својата дневна програма ќе претстави работилница за Глаголица на која учесниците ќе можат да научат да си го напишат името на на најстарата словенска азбука, потоа претставување на Галичката свадба како важно културно случивање, работилница за малите јазици и нивната застапеност во материјалите врз кои се обучува вештачката интелигенција, претставување на „Силјан штркот“ како македонска „Метаморфоза“ и крако запознавање со природните убавини на нашата држава.
Kоориднирани од асс. д-р Елена Шалевска и со активно учество на проф. д-р Виолета Јанушева и асс. д-р Марија Стојаноска, Јазичниот центар на УКЛО КОЛОРС засилен со поддршка на проф. д-р Милена Пејчиновска - Стојчевиќ за делот со природните убавини, носители се и реализатори на содржините што ќе ги претстави на УКЛО. Во активностите вклучени се е и раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Јасмина Буневска–Талевска и кораководителката на работниот пакет 11, Здравка Мирчевска.
Студентите и професорите од УКЛО очекуваат дека најновото издание на Неделата на виртуелни патувања ќе им обезбеди на учесниците уникатни дигитални искуства. Можноста за интерактивно учење низ виртуелна образовна авантура со дискусии на различни јазици, ќе овозможи поврзување со студенти и колеги од цела Европа. Во таа насока, разменувањето сознанија за културни и академски теми, за претставниците од УКЛО КОЛОРС е меѓународно искуство со европската јазична и културна разновидност, во која, на најдобар начин, инспиративно и рамноправно се претставува и македонскиот јазик и македонската култура.
Учеството на УКЛО во Virtual journey weeks 2026 нуди можности учесниците да истражуваат, да се поврзуваат и да се инспирираат меѓусебно.
(Комерцијална објава)