X
 24.03.2021 Образование

Бесплатни онлајн-курсеви од Универзитетот на Њујорк

Универзитетот на Њујорк е еден од најдобрите универзитети во светот, но и еден од најскапите американски универзитети. Освен тоа, тој се наоѓа во еден од најскапите делови во еден од најскапите градови во САД. Но овој универзитет нуди онлајн-курсеви преку платформи како „Ед-екс“ и „Курсера“ кои може да ги следите бесплатно.

„Бизнис инсајдер“ состави листа со дел од бесплатните онлајн-курсеви што ги нуди овој универзитет:
Креативно кодирање

Овој курс е наменет за студенти што имаат основно познавање од програмски јазици и се фокусира на креативни проекти, како игри, уметност и дизајн.

Теории на медиуми и технологија

Овој курс ги учи курсистите како влијаат медиумите и технологијата врз општеството и културата преку часови за создавање и консумирање на медиумски содржини кои може да се применат во повеќе професии.

Вовед во студии за перформанс-уметност

Курсот може да ви помогне да научите како да ја анализирате перформанс-уметноста, без разлика дали станува збор за театар, танц или политичка кампања.

Основи на сметање и програмирање

Станува збор за воведен курс кој ги запознава куристите со основите на програмскиот јазик „Пајтон“, бинарен код, системи на сметање, функции итн.

Вовед во користење бази на податоци

Курсот се фокусира на учење на програмскиот јазик SQL и негово користење за работа со бази на податоци.

Вовед во информатичка безбедност

Курсот им помага на курсистите да научат повеќе за сајбер-безбедноста и елементите што треба да се разберат во рамките на оваа област.

Вовед во мрежи

Курсот е за компјутерско вмрежување и покрива повеќе теми како рутери, ИП-протоколи и технологии за безбедност.

Вовед во програмирање во Ц++

Курсот ги покрива основите на програмскиот јазик Ц++ и вклучува предавања, но и лабораториски активности.

Вовед во јога и физиологија

Курсот ги покрива улогата и структурата на физиолошките системи со фокус на јогата.

Автор: Џулија Пугачевски
Извор: businessinsider.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование