X
 04.09.2018 Живот

Добијте бесплатно патување во Дизниленд - под еден услов

Овој септември, Дизни паркс (во кој се вклучени Дизни светот, Дизниленд и Дизни Круз Лајнс) ги кани мајките, татковците и бабите и дедовците да аплицираат за посакуваното место на панелот „Дизни паркс мамс“, популарен онлајн-форум дизајниран за обезбедување совети од прва рака за секој што планира Дизни-одмор.

Условите што треба да ги исполнат кандидатите за работното место се да знаат доволно за да ги препорачаат неверојатните искуства за децата во новиот Дизниленд „Пиксар Пиер“ и да можат да им кажат на родителите што точно да порачаат од менито во „Вудис ланч бокс“ во новоотворената земја на играчките.

Каква награда добивате ако сте избрани да бидете дел од панелот за 2019 година? Платено патување и обука во Дизни светот, плус посебно патување за вас и уште три гости, како благодарност за споделување на вашата Дизни-експертиза со другите Дизни-родители.

Апликацискиот период е отворен до 5 септември, до полноќ. Сѐ што треба да направите е да ја посетите веб-страницата ТУКА и да напишете зошто вие треба да бидете дел од магијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот