X
 04.11.2019 Живот

Американец вторпат доби 1 милион долари на лото

Жител на Масачусетс двапати ја испразни касата на лотаријата во таа американската сојузна држава. Лозот е купен на бензинска станица, а добивката е еден милион долари.

Добитникот Ралф Роудс и лани го освои истиот износ на оваа игра на среќа. Тогаш избра одеднаш да подигне 650.000 долари во готово наместо секоја година да добива по 50.000 долари, во период од  20 години.

Не е позната одлуката на Роудс за добивката овој пат.

Ова не е прв таков случај. На Флорида еден човек во 2013 година освои 3 милиони долари на лотаријата што претходната година му донесе 10 милиони. Потоа, во 2016 и 2018 година еден Французин двапати освои по еден милион евра играјќи ја истата наградна игра.

Според статистиката, можноста да се случи тоа е еден спрема 16 трилиони.

Извор:МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот