X
 04.12.2020 Живот

Сопатник што никогаш нема да ве изневери - Huawei P smart 2021 се полни за 10 минути и прави феноменални фотографии

Дали ви се смачи од постојаното чекање вашиот телефон да се наполни за да можете да продолжите со разговорот или со креирањето содржини за вашите следбеници на социјалните мрежи? Доколку е така, решението е пронајдено.



Она што ви е потребно е прекрасниот Huawei P smart 2021, телефон кој се полни толку брзо што можете да гледате видеа цели 2 часа со само 10-минутно полнење. Батеријата е од 5000 mAh и таа соработува со интелигентниот алгоритам за заштеда на енергија, па можете да сметате на поддршка до 38,2 часа 4G повик, 16.6 часа онлајн-репродукција на видео и 12 часа 4G веб-сурфање.

Но, за да креирате квалитетна содржина со која би привлекле повеќе следбеници, нормално, во вашиот џеб треба да имате око соколово, кое може да долови сè што ќе посакате. Вашиот нов сопатник има вкупно пет камери, од кои едната е селфи-камера од 8 мегапиксели, на задната страна од телефонот се: Macro camera 2MP, Depth Camera 2MP, High-Res Camera 48 MP и Ultra-wide Angle Camera 8MP.



Замислете какви фотографии можете да направите со камера со 48 мегапиксели. Нема да постои детаљ кој нема да го забележите, без разлика на тоа дали ја користите за професионално создавање содржини за социјалните мрежи или, пак, за лично задоволство. Од помош сигурно ќе ви биде и аголот од 120 степени на објективот, кој ќе ви помогне во кадарот да фатите сè што сакате без да се оддалечувате многу од она што го фотографирате.

Доколку сакате да бидете во тек со сите трендови, кои во денешно време неретко бараат снимање и во услови кога нема многу светлина, Huawei P smart 2021 има и сензор наречен SuperSpectrum, кој работи со интелигентни алгоритми за вештачка интелигенција и ви овозможува да можете да снимите прекрасни ноќни снимки.

И кога ќе ги направите снимките, големиот екран од 6,67 инчи, кој зафаќа 90,3 проценти од телото на телефонот, ќе ви го дополни задоволството со тоа што ќе можете да добиете убав преглед во создаденото дело.



Сега не мора ни да се грижите дали имате доволно меморија за сите видеа, фотографии, апликации, игри, документи и што ли уште не затоа што Huawei P smart 2021 доаѓа со 4 гигабајти RAM и 128 гигабајти ROM меморија.

Имаме убави вести и за оние што се малку попребирливи во однос на изгледот на телефонот и сакаат тој освен добри перформанси да има и убав дизајн. Откако нашите мали мобилни телефони станаа паметни, тие сè повеќе се усовршуваа и надградуваа, па сите тие надградби мораше да добијат и место во тие неколку квадратни сантиметри. Ако порано имавме по само една камера на телефонот, сега имаме по пет. А тука е и заштитата со отпечаток од прст. За сето тоа треба простор и добар дизајн.

Кај новиот Huawei P smart 2021 дизајнот не само што ја растоварува заднината на телефонот, туку и го поедноставува функционирањето. Така, отпечатокот за прст е поставен отстрана и доволен е само нежен допир за експресно отклучување на телефонот. Дополнително задоволство причинува елегантниот изглед, лесното ракување и прекрасните бои во кои е достапен.
Доколку ги следите трендовите во технологијата, веројатно веќе знаете дека сите нови телефони на Huawei доаѓаат со AppGallery, од каде што можете да си ги преземете сите апликации што ви се потребни.



Можеме слободно да заклучиме дека Huawei P smart 2021 ги исполнува барањата на сите нас што живееме брз и динамичен живот, немаме време за чекање да се наполни телефонот и сакаме сè што ни е потребно да ни биде достапно веднаш.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот