X
 17.04.2015 Технологија

10 бесплатни Samsung Galaxy S6

10 бесплатни Samsung Galaxy S6  во City Mall на 19 април

 
На само еден ден пред македонската промоција на новиот Samsung Galaxy S6, Т- Мобиле и Samsung приредуваат несекојдневно изнанадување за своите корисници на 19 април, недела, на вториот спрат во City Mall во Скопје од 12:00 до 15:00 часот.

Настанот ќе биде од забавен карактер и на големо изненадување на сите корисници ќе се подаруваат 10 Samsung Galaxy S6 преку одговарање на едноставни прашања со СМС.

 

Истовремено, сите кои тој ден во Телеком продавницата во City Mall ќе го купат Samsung Galaxy S6 или S6 Edge, ќе го добијат одличниот Samsung S5mini за 1МКД.

Samsung Galaxy S6 Edge е еден од најдобрите телефони креирани од почетокот на годинава, со дуал странични дисплеи со кои ќе искусите живописни бои и драматичен контраст. Со светол, јасен и жив екран, Samsung Galaxy S6 Edge е исто толку софистициран и елегантен како што е и паметен. Под елитното, мазно тело, во мат-метал и стакло - лежи моќен процесор. Со најдобра интуитивна камера до сега воопшто интегрирана во телефон, и задната и предната камера го снимаат секој момент со исклучителна јасност за прекрасни фотографии во какво било опкружување и осветлување, дури и на многу светол, сончев ден како овој. И она што е најдобриот новитет е што Samsung Galaxy S6 Edge веќе не се полни на стандарден полнач, туку на посебен дисплеј со режим за заштеда на енергија и брзо полнење за само 10 минути. 100% безжично и со 0% употреба на штекер!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија