X
 05.02.2021 Живот

Како Џеф Безос го троши своето огромно богатство?

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, е еден од најбогатите луѓе во светот. На што ги троши своите пари?

Како што покажува едно видео од Си-ен-ен, тој донира дел од парите, а поголемиот дел од богатството му е во акции кои ги поседува во „Амазон“. Вредноста на акциите зависи од активностите на берзата.

Безос изгубил околу 14 милијарди долари за време на разводот од Мекинзи Безос во 2019 г.

Меѓу другото, парите ги троши и на инвестиции во други бизниси. Во 2013 г. тој ја купил медиумската агенција „Вашингтон пост“ за 250 милиони долари. Тој инвестира и околу 1 милијарда долари годишно во вселенската компанија „Блу ориџин“.

Безос неделава изјави дека повеќе нема да биде извршен директор на компанијата „Амазон“ за да има повеќе време да се фокусира на други проекти и иницијативи, пренесува Си-ен-ен.

Извор: Си-ен-ен
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот