Тејлор Свифт на „Инстаграм“ објави дека се свршила со ѕвездата на американскиот фудбал Травис Келси. За помалку од десет минути објавата достигна повеќе од милион допаѓања. Еве колкава ќе биде нивната вкупна нето-вредност по венчавката.
Богатството на Тејлор Свифт од 1,4 милијарди евра ја прави еден од најбогатите изведувачи во светот, надминувајќи ги проценетите 60,4 милиони евра на Травис Келси.
„Форбс“ ја прогласи Свифт за најбогата пејачка на светот. Таа е првата пејачка што достигна статус на милијардерка врз основа само на своите песни и настапи, за разлика од договорите со разни брендови, и тоа главно благодарение на заработката од нејзината ултрапопуларна турнеја „Ерас“.
Келси е милионер и седми најплатен играч во Националната фудбалска лица (НФЛ). Сепак, неговото богатство е значително помало од она на неговата идна сопруга.
Богатството на Свифт доаѓа главно од нејзиното музичко царство. Со турнејата заработи повеќе од 1,7 милијарди евра низ светот, што ја прави најуспешната турнеја во историјата. Освен музиката, профит ѝ донесоа и паметните вложувања, главно во недвижности. Поседува луксузни недвижности вредни околу 100 милиони евра во места како Нешвил, Њујорк и Роуд Ајленд, плус приватен авион вреден 20 милиони евра.
Исклучително е тоа што таа го достигна ова ниво без да се потпира на постојани договори за спонзорства. Во минатото соработуваше со компании како „Епл мјузик“ и „Адидас“, а издаваше колекции со Стела Мекартни и „Елизабет Арден“. Но, сега нејзиниот бренд е доволно силен за сам да генерира огромни приходи.
Вредноста на Келси не е ни близу до онаа на Свифт. Во 13 сезони со „Канзас Сити Шеферси“ тој заработи повеќе од 95 милиони евра, благодарение на доследните врвни перформанси кои му донесоа три победи во „Супербоул“, десет вбројувања во „Про боул“ и повеќе рекорди.
Успехот на теренот го направи фаворит за големи спонзорства, па склучуваше договори со Најк, Бад Лајт и Фајзер, кои секоја година ги зголемуваат неговите приходи за милионски суми. Исто така, тој се појавува во националните реклами и глуми во „Хепи Гилмор 2“. Од „Форбс“ проценуваат дека тие чекори му донеле дополнителни 69 милиони евра.
Келси заработи и од поткастот „Њу Хајтс“, кој го води со брат му Џејсон, а во 2024 година склопи огромен тригодишен договор вреден 86 милиони евра со „Вондери“ на „Амазон“.
Во однос на недвижностите, Келси живее во вила во Канзас Сити вредна 5,2 милиони евра, со терени за мини-голф и пиклбол.
Експертите веќе ја советуваат Свифт да го заштити својот имот со предбрачен договор пред да тргне кон олтарот. Нејзиното богатство е за 1,32 милијарди евра поголемо од она на Келси, што е 20 пати повеќе од вкупната нето-вредност на спортистот. Кога станува збор за уделот, Келси придонесува со само 4-5 % во нивното вкупно богатство, додека другите 95-96 % се на Свифт.
Сепак, нивната вкупна нето-вредност е околу 1,46 милијарди евра и тоа ги става во главната лига на славни моќни парови, придружувајќи им се на двојки како Бијонсе и Џеј Зи, чија вредност се проценува на дури 2,90 милијарди евра.
Извор:
Forbes
Насловна фотографија: Instagram (screenshot)