X
 24.06.2018

„Амазон“ плаќа 4,4 милиони долари за исхрана и сместување на стажантите

Стажантите на „Амазон“ повторно вршат инвазија на Сиетл и тоа го засега и јавниот сообраќај во градот.

Втора година по ред „Кинг Каунти Метро“, управниот орган за јавен превоз во округот во кој е сместен Сиетл, мора да пушти дополнителни автобуси за да може да се издржи приливот од стажанти кои престојуваат до студентските домови на Универзитетот во Вашингтон.

Според тамошните медиуми, околу 900 стажанти ова лето ќе живеат во студентските домови и ќе патуваат до кампусот на „Амазон“. Минатата година самите стажанти проценија дека „Амазон“ имала 2.000 стажанти во Сиетл, а половина од нив престојувале во студентските домови.

Оваа година, корпорациски партнер на „Амазон“ за сместување ќе му плати на универзитетот околу 4,4 милиони долари за да ги смести и нахрани стажантите во студентските домови.

„Амазон“ исто така придонесе со 700.000 долари за „Метро“ и овозможи приватни линии кои секој ден ќе возат од универзитетот до седиштето на компанијата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk