X
 05.02.2022 Живот

Деновите што исчезнале од календарот

Најдолгата година во историјата траела 445 дена. Тоа било во 46 пр.н.е. Тогаш римскиот император Јулиј Цезар го поканил астрономот Созиген од Александрија да направи корекции на римскиот календар. Римјаните знаеле дека една година трае 6 часа подолго од 365 дена, но дотогаш користеле календар без престапни години. Поради вишокот, се акумулирала разлика од 67 дена, која Созиген ја дополнил на 46 години, а потоа вовел секоја четврта година да се додава уште еден ден во февруари, за да нема разлика.

По оваа јулијанска реформа (наречена по Јулиј Цезар), датумите на пролетната рамноденица биле усогласени со движењето на Сонцето. По ова имало уште неколку корекции на римскиот календар, а од царот Константин се користи и поделбата на деновите во неделата.

Како што понатаму се развивала астрономијата, пресметано е дека сончевата година не трае 365 дена и 6 часа, туку 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди (т.е. 11 минути и 14 секунди пократко). Затоа, од времето на Јулиј Цезар до 1582 година имало десетдневна разлика.

Бидејќи прецизниот ден на пролетната рамноденица е клучен за одредување на датумот на христијанскиот Велигден (кој се одредува како прва недела по полната месечина што паѓа на или по пролетната рамноденица), папата Григориј XIII одлучил да го промени јулијанскиот календар.

Реформата ја извршил језуитскиот математичар Кристофер Клавиус, кој ја скратил 1582 година за десет дена и наместо секоја четврта година да биде престапна, тој вовел годините на почетокот на векот (1700, 1800, 1900) трипати да се прескокнат како престапни години, а секоја четиристота година и понатаму да биде престапна.

Поради тоа, низ вековите разликата меѓу јулијанскиот и грегоријанскиот календар се зголемила на 13 дена. Но, десетте дена протерани со папскиот декрет од 1582 година останале единствените датуми што никогаш не се случиле.

Извор: Naukakrozprice.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот