X
 05.02.2026 Живот

Откриј која професија е вистинска за тебе - Време е за Discovery Days во Семос Академии!

Дали некогаш си се прашувал/а која професија навистина ти прилега? Дали размислуваш за промена на кариера, сакаш да се дообучиш или како студент/ка да направиш прв вистински чекор во професионалниот свет?

Ако одговорот е „да“, тогаш Discovery Days во Семос Академии се токму за тебе.

Од 5 до 12 февруари 2026 во просториите на Семос Едукација те очекуваат бесплатни настани во живо на кои ќе имаш можност да:

Дознаеш од искусни професори и алумни-студенти што значи вистински да работиш во конкретната професија.
Слушнеш практични примери и совети за тоа кои вештини и знаења се потребни за успех.
Разбереш како изгледа патот до кариера во IT, креативната индустрија, HR, AI и Data Science.

Ова не е класична презентација или теоретски курс – ова е реален разговор со луѓе кои веќе работат и успеале во својата област. Ќе видиш што значи да си UX/UI дизајнер, VFX артист, Fullstack JavaScript Developer, HR професионалец или AI експерт, и како тоа изгледа во секојдневниот живот.

За кого е настанот?

• За оние што размислуваат за промена на професијата
• За оние што сакаат да се дообучат или унапредат
• За студенти кои бараат јасна насока
• За сите што сакаат да направат информиран кариерен чекор.

Настаните се бесплатни, со задолжителна регистрација - https://akademii.semosedu.com/events.html

За присутните ќе има и специјални попусти, дополнителни подароци и изненадувања.

Време е да дознаеш, слушнеш и разбереш која професија е вистинската за тебе – пред да го направиш следниот голем чекор во твојата кариера.

Резервирај го своето место!

Се гледаме на Discovery Days во Семос Едукација!

Повеќе информации на следниот линк: https://akademii.semosedu.com/events.html

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот