X
 05.05.2020 Образование

Земји со најлесни процедури за добивање студентска виза

Многу земји бараат од странските студенти студентска виза за влез и престој во државата. Процедурата за добивање студентска виза е комплицирана во одредени држави, но полесна во други. Во продолжение следуваат земјите што имаат најлесни процедури за добивање студентска виза.


Фото: Мадрид, Шпанија/Pixabay

Шпанија

Земјата е совршено место за учење шпански јазик и добивање факултетска диплома. Овде добивањето студентска виза не би требало да претставува проблем.


Фото: Варшава, Полска/Pixabay

Полска

Државата нуди одлично и достапно образование за странските студенти, а и студентската виза се добива лесно.


Фото: Париз, Франција/Pixabay  

Франција

Француските универзитети доделуваат многу грантови и стипендии за додипломски и постдипломски студии, а со тоа се олеснува и добивањето студентска виза.


Фото: Тбилиси, Грузија/Pixabay

Грузија

Грузија е земја што брзо се развива. Грузиските универзитети се сметаат за многу добри, а лесно им се доделуваат визи на странски студенти.


Фото: Хонгконг/Pixabay

Хонгконг

Градот-држава има многу универзитети што нудат настава на англиски јазик. За многу земји студентската виза за Хонгконг воопшто не е потребна, исто како и онаа за патување.


Фото: Сингапур/Pixabay

Сингапур

Студирањето во Сингапур е остварување на животен сон за многумина. Лесно се добива студентска виза.


Фото: Нов Зеланд/Pixabay

Нов Зеланд

Добивањето студентска виза за Нов Зеланд е неверојатно лесно. Доколку курсот кој би го слушале трае помалку од три месеци, воопшто не е потребна студентска виза.


Фото: Ирска/Pixabay

Ирска

Студентските визи за Ирска се доделуваат дури и онлајн. Со студентската виза студентот има дозвола и да работи во Ирска.


Фото: Берлин, Германија/Pixabay

Германија

Добивањето студентска виза во Германија не би требало да претставува проблем, а универзитетите им помагаат на студентите во процесот на аплицирање. Освен тоа, многу германски институции нудат грантови и стипендии за студирање.


Фото: Торонто, Канада/Pixabay

Канада

Канада е една од земјите за кои е многу лесно да се добие студентска виза. Освен тоа, насекаде низ земјата има престижни универзитети, а самите факултети им помагаат на студентите да добијат виза. Со студентската виза се добива и дозвола за работа во Канада.

Автор: Мелиса Дајмон
Извор: universitymagazine.ca
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование