X
 28.03.2015 Образование

Што треба да студирате, ако сакате да станете милионер?


Анализата на листата на Форбс на најбогати 100 луѓе во светот која е посветена на нивното образование, откри кој факултет е најзастапен меѓу милијардерите, но и колку од нив немаат никакво високо образование.Па анализите покажуваат дека, идните студенти кои фантазираат да станат милионери треба да се запишат на Машински факултет.

Дипломираните на Машински факултет се и најбогати меѓу своите богати врсници, при што нето-вредноста на нивното богатство во просек изнесува 25,8 милијарди долари. Најголем број односно една петина (22 отсто) од најбогатите луѓе на светот го завршиле овој факултет, а меѓу луѓето со оваа диплома има двојно повеќе милијардери отколку економисти, кои се втори на списокот.

Дванаесет отсто од богаташите завршиле бизнис економија, додека девет отсто од нив завршиле некој факултет поврзан со уметноста.Само четири отсто од луѓето кои се на листата на 100 најбогати студирале математика и природни науки.Но дури една третина од најбогатите луѓе во светот немаат никаква диплома.

Бил Гејтс кој е најбогат човек на светот и располага со богатство од 79 милијарди долари, ги прекина студиите на Харвард исто како Марк Зукерберг, најмладиот на листата на Форбс најбогати кој тежи 33,4 милијарди долари.

Извор: „еМагазин“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование