Истражување покажува дека две лични карактеристики, односно лични особини можат да го предвидат академскиот успех, многу повеќе отколку коефициентот на интелигенција.
Во студијата стои дека за успех е потребно да се поседуваат овие две особини:
- Отвореност кон искуства
- Совесност
Луѓето кои се повеќе отворени кон нови искуства се покреативни, чувствителни и љубопитни на интелектуално ниво. Додека пак, совесните луѓе се подисциплинирани, верни и добри во планирањето.
Во истражувањето биле вклучени податоци од 10 илјади студенти, па биле анализирани нивните карактери и постигнати успеси. Експертите велат дека
карактерот е пресуден во постигнувањето успеси, а интелигенцијата е во втор план. Односно, количината на вложен труд и фокусот се најмногу важни за бележење на високи резултати.