X
 05.08.2022 Живот

Клучот за успех на една компанија – мотивирани вработени и добра работна атмосфера

Клучот за успех на една компанија се нејзините мотивирани вработени, кои ќе ја зголемат продуктивноста и ефикасност и ќе создадат позитивна и ангажирана работна средина. Мотивацијата е таа што ги поттикнува вработените да се фокусираат на работните задачи и да се инспирираат во постигнување резултати. Доколку тие се мотивирани ќе доаѓаат на своето работно место среќни, подготвени за новите предизвици и максимално ќе се вложат во остварување на нивните задачи.

Но, што треба да прави менаџментот за да ги мотивира вработените и неговата компанија да расте и се развива? Пред сè, потребно е компанијата да покаже грижа за своите вработени, преку добри услови за работа, бидејќи поголемиот дел од денот вработените го поминуваат на работното место каде треба да бидат почитувани и разбрани. Финаниските придобивки, платата и бонусите, се исто така важни бидејќи тие најмногу го мотивираат вработениот за да го даде својот максимум на работа и да ги заврши своите обврски. Надградување на своето знаење е доста важен дел од менаџерската поставеност во една компанија затоа што користа е взаемна – вработените учат нови вештини кои ги применуваат во секојдневното работење за напредок и развој на компанијата. Кога сме кај подигнување на тимскиот дух, тим-билдинг активностите се неизбежен дел од функционирањето на една компанија и добар показател за напредок и зближување на вработените.

Пример за компанија со ваков менаџмент кој се грижи и ги мотивира своите вработени е интернационалната компанија „Мајорел“, која обезбедува корисничка поддршка на двата најпознати светски јазици; германски и англиски. Првичната мотивација која ја практикува оваа компанија е тоа што на сите нови вработени им доделува бонус за добредојде, што дефинитивно зборува дека изборот за твоето ново работно место е правилен. За дополнителна мотивација и добра работна атмосфера, менаџментот се погрижил со креирање на гејминг соба каде вработените разменуваат мислење и уживаат во нивното слободно време. „Мајорел“ се грижи за своите вработени во секој аспект. Со посветување на големо внимание и ангажирарност за личниот и професионалниот раст и развој на вработените преку „Feel Good“ програмата, вработените уживаат бројни бенефиции од различни области на спортот, рекреацијата, креативноста и сл. Со уникатната компаниска култура вработените во „Мајорел“ се чувствуваат згрижени, поддржани и слушнати уште од првиот работен ден.

Славе, вработен во „Мајорел“, ќе ни каже во каква атмосфера работат, како ги вреднуваат работените и што е тоа што го исполнува во неговата работа.

-Моето досегашно искуство како дел од тимот е супер. Имам одлични колеги и претпоставени кои го поддржуваат и поттикнуваат мојот напредок. После само еден месец работа, бев избран за вработен на месецот и оваа награда ме мотивира да работам уште понапорно. Кариерениот раст и развој на вработените се негуваат и наградуваат во „Мајорел“ од секој аспект. Работната култура, тимската работа, одличната комуникација со колегите и менаџметот ме мотивираат за наредок. Би рекол дека позитивната работна атмосфера која те опкружува и тим кој те охрабрува е се што ти треба да успех - изјави Славе кој работи како специјалист за корисничка поддршка.

Добрата работна атмосфера и мотивираните вработени се клучот една компанија да напредува и развива.

Ако сакаш и ти да работиш во компанија која се грижи и ги мотивира своите вработени, тогаш „Мајорел“ е дефинитивно твојот избор.

Аплицирај тука!

https://fb.watch/eIFVLYgiiY/

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот