Иако Македонија нема директен излез на море и според националната класификација на занимања нашата земја не познава професија морнар, сепак, повеќе од 30 години нашата држава извезува одлични кадри на бродовите за крстарење низ светот. Една од најзаслужните за промоција на поморските вработувања, но и за создавањето на новиот тренд за крстарење со брод, е македонската компанија „Коузон“, која од 1998 година е партнер за вработување со најголемите светски компании.
- Во периодот кога ние почнавме да промовираме вработувања на бродови за крстарење, најголем дел од граѓаните не ни веруваа дека постојат бродови со капацитет да примат повеќе од 4.000 гости - изјави Зоран Кочоски, менаџер на „Коузон“.
Компанијата „Коузон“, како пионер во промовирањето на вработувањата на бродовите за крстарење, имала многу тешкотии да ги пренесе привилегиите што ги нудат бродските компании.
- Во далечната 1998 година, кога немавме интернет за да можеме сликовито да претставиме како изгледаат крузерите, целата промоција ја правевме преку рекламирање со летоци и објави по весници - додаде Кочоски.
Вработувањата на бродските компании создале предуслови денес да има зголемување на интересот за туристички крстарења по светските океани и мориња, велат од „Коузон“.
Односно, денес, по 27 години работа, интересот за вработување е дијаметрално спротивен од интересот кој го пројавуваа младите во почетокот на веков. Тоа се одрази врз интересот за крстарење.
- Денес имаме поголем интерес за крстарење, а сѐ помал интерес за вработување. На почетокот на нашето работење имавме солидно добар интерес за вработување, но немаше интерес за крстарење. За нас беше логично да се посветиме на промоција и на крстарењата и да се наметнеме како најпрофесионална компанија во овој сегмент во Македонија, бидејќи сите ние во „Коузон“ сме поминале многу, многу години по бродовите и крузерската индустрија и ги знаеме сите „тајни“ на крстарењата. Впрочем, ние сме и директно поврзани со менаџментот на бродските компании и во многу случаи присуствуваме на отворањето на новите бродови на бродските компании - потенцира Кочоски.
Сега компанијата е посветена на промовирање на новиот тренд во Македонија – крстарењата кои ги одбираат сѐ поголем број граѓани кои ги увиделе најголемите предности на ваквиот вид одмор. Со крстарење ќе може да се видат и посетат повеќе места и притоа да не мора да се пакува и распакува куферот како што тоа е случај со патувањето по копно.
Бродовите крстарат низ егзотични локации и овој вид одмор е подинамичен, со повеќе истражувања, авантури и нормално - со повеќе спомени.
- И на ова поле имаме своја мисија која искрено се надевам дека ќе успееме да ја поставиме и која со сигурност може да функционира беспрекорно во Македонија. Ние работиме со полн капацитет на промоција на крстарењата. За жал, голем предизвик ни претставува традиционализмот на македонските туристи, кои не се подготвени да резервираат крстарењата навреме. Имено, на македонскиот пазар туристичките патувања се резервираат во просек од 3 до 6 месеци пред патувањето. Крузерите се полнат многу брзо и потребно е да се направи резервација минимум 9 месеци пред крстарењато - објаснува Кочоски.
Вториот предизвик е тоа што многу мал број Македонци изјавуваат желба да крстарат надвор од летниот период.
- Убавината на крузерите е во тоа што тие пловат 365 дена од годината и тоа секогаш по најатрактивните дестинации во светот. Ние преку „Коузон травел“ нудиме најповолни цени за сите дестинации, во кои се вклучени и авиокарти и хотелско сместување.
За оние што ќе крстарат, бенефитите се: услуга на највисоко светско ниво, посета на повеќе дестинации за само едно крстарење, организирана забавна програма, можност за шопинг во бесцарински зони, многу незаборавни спомени.
За оние што сакаат да работат на брод, бенефитите се – бесплатно патување, живот во хотел со 5 ѕвезди, одлична заработка од 1.500 до 5.000 долари, можност за градење кариера и, секако, многу, многу пријатели од цел свет - потенцира менаџерот на „Коузон“.
„Коузон“ важи за најголема и најреномирана агенција во Источна Европа, но во последно време ги освојува и другите континенти. „Коузон“ е македонска компанија која успеа да се истакне како лидер во дејност која речиси и да не постои во земјава, а причините за тој успех ги наведе првиот човек на компанијата.
- Многу работа, голема визија и пак работа и 365-дневна посветеност кон испорачување беспрекорна услуга. Тоа е сѐ дел од успехот што го постигавме до денес. Успеавме да развиеме мрежа од наши претставништва на 4 континенти. Успеавме да бидеме партнери за вработување на речиси 80 % од најголемите светски бродски компании и заедно со нив да воспоставиме систем на тренинг-академии. Сето тоа нѐ прави она што сме денес - образложи Кочоски.
Изненадува фактот што компанијата е присутна на африканскиот континент, во Централна Америка и на Далечниот Исток, но одговорот е многу едноставен.
- За нас нема граници, светот е глобално село и ние така го гледаме бизнисот кој го водиме со максимална посветеност. Не само што сме присутни на наведените континенти, туку во дел од државите каде што имаме свои претставништва работиме на проекти за отворање школи за обука - истакна менаџерот на „Коузон“ и додаде дека граѓаните може да се информираат за крстарењата на
www.Gocruise.mk, а за работата на брод на
www.cruise.mk.
(Комерцијална објава)