X
 05.10.2021 Наука

Атмосферата се менува и ја прави Земјата позамаглена

Ново истражување открива дека климатските промени ја прават Земјата помалку рефлектирачка, според труд објавен во списанието „Џиофизикал рисрч летрс“.

- Рефлексијата на Земјата е основен климатски параметар што го меревме од сончевата опсерваторија „Голема мечка“ во периодот меѓу 1998 и 2017 година преку набљудување на пепелавата светлина на Земјата користејќи современи фотометрички техники за прецизно утврдување на дневните, месечните, сезонските, годишните и децениските промени во Земјеното албедо од пепелавата светлина - истакнуваат истражувачите во нивниот труд.

Тие додаваат дека измериле постепен, но климатолошки значаен пад од ~0,5 W/m2 во глобалното албедо низ дводецениските податоци.

Рефлексијата на Земјата е суштинска детерминанта на климата на Земјата.

За да дојдат до заклучокот, научниците анализирале податоци од опсерваторијата и процениле како светлината на Земјата се менувала од 1998 година. Потоа ги искомбинирале тие податоци со опсервации од проект на НАСА, активен од 1997 година, и со инструменти од неколку сателити.

Треба да се напомене дека најголемите промени во рефлексијата се случиле во текот на изминатата година, што посочува дека ефектите на климатските промени се зголемуваат експоненцијално. Тој развој на настаните истражувачите главно го припишуваат на промените во облаците. Тие се многу тешки за проучување бидејќи научниците не ја разбираат целосно нивната врска со елементите на Земјата. Сепак, во оваа студија падот на рефлективноста истражувачите го припишуваат на облаците над Тихиот Океан.

Познато е дека облаците одбиваат околу половина од сончевата светлина што ги погаѓа, додека снегот и мразот што паѓаат од облаците одбиваат поголем дел од светлината што ја добиваат. Што значат новите податоци за нашата планета и климатските промени? Многу е рано за научниците да донесат заклучоци, но можеме да претпоставиме дека секоја промена предизвикана од глобалното затоплување ќе биде причина за грижа.

Извор и насловна фотографија: Interesting Engineering
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука