Се очекува илјадници ученици да излезат на улиците за да се предизвика принудна акција за политиките поврзани со климатските промени. Учениците и студентите нема да присуствуваат на наставата како дел од светската кампања.
Што претставува „Youth Strike 4 Climate“?
Станува збор за координиран протест на младите низ целата земја, кога учениците и студентите нема да одат на училиште и ќе протестираат. Протестот е инспириран од Грета Тунберг, 15-годишна Швеѓанка која почна со солидарни протести пред шведскиот парламент пред изборите.
Британското движење бара од владата да објави итност за климатските промени, да изврши реформи врз националната наставна програма и да преземе чекори за признавање на тежината на кризата.
Фото: AFP
Кој го организира?
Протестот е организиран од студентската мрежа за климатски промени на Велика Британија, а таа обединува повеќе групи што работат на охрабрување на лицата под 18 години да преземат акција. Освен тоа, мрежата работи со голем број други групи за климатските промени, вклучувајќи ги и младинската коалиција за климата „Гринпис“ и „Зелено-црвениот крст“.
Каде на друго место се одржале протести за климатските промени?
Веќе неколку индивидуални протести се случија низ градовите во Велика Британија, но ова е првпат акцијата да биде централно координирана. Слични протести веќе се одржале во неколку држави, а се планира да се одржат и во Америка.
- Сликите од она што го направи Грета, а потоа и протестите на учениците од другите земји, нашироко се споделуваат на социјалните мрежи и тоа навистина ги инспирира луѓето - изјави Џејк Вудер од британската организација „Младина во акција за климата“.
Се планира и глобален ден на акција, кој треба да се одржи на 15 март.
Фото: Getty Images
Колку луѓе ќе учествуваат?
Организаторите проценуваат дека ќе има настани во повеќе од 30 града низ Велика Британија, вклучувајќи ги Лондон, Глазгов, Оксфорд, Манчестер и Труро. Тие велат дека ова ќе поттикне илјадници млади луѓе.
Кои се правилата за земање слободен ден од училиште?
Според Одделот за образование во Британија, децата можат да земат слободен ден само поради медицински причини или „исклучителни околности“. Образложението на родителите на демонстрантите е: - Имаме само 12 години за намалување на емисиите на СО2 за 50 отсто, според последниот извештај на ОН, така што ова се прилично сериозни и исклучителни околности. И затоа му давам дозвола на моето дете да учествува во протестите.
Во реалноста останува училиштата да одлучат.
Колку е лоша ситуацијата?
Извештаите во последните неколку месеци ја истакнаа
сериозноста на ситуацијата, при што Меѓувладиниот панел за климатски промени вели дека дури и ако емисиите се преполоват во период од 12 години, температурата сепак ќе се зголеми за 1,5 степен.