X
 05.11.2019 Живот

Берлин им забрани на уличните глумци да се сликаат во униформи на американски војници за пари

Властите во германскиот главен град Берлин им забранија на уличните глумци да се сликаат во униформи на американски војници со туристи за пари.

Тие обично се движат кај точката каде што се наоѓал „Чарли“ – преминот меѓу источниот и западниот дел од градот за време на Студената војна. 3а тука и важи забраната.

На групата наречена „Фабрика на танцот“ ѝ е одземена дозволата поради тоа што од туристите барале пари за сликање. Уметниците, пак, изјавија дека тие прифаќаат само доброволни прилози за фотографиите.

Многумина берлинци се против овој вид перформанси во американски униформи, како и против продавањето лажни советски воени шапки на Црвената армија, гас-маски и делови од Берлинскиот ѕид.

Одлуката за забрана е донесена спроти одбележувањето три децении од уривањето на ѕидот. Тој бил изграден за да спречи жители на Источна Германија да пребегнуваат на Запад, а контролниот пункт „Чарли“ бил единствениот официјален премин за туристите и сојузничките војници. Ѕидот го делеше Берлин на источен и западен дел од 1961 до 1989 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот